СРЕДБАТА КОВАЧЕВСКИ И МИЦКОСКИ УТРЕ ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИ, ТЕМА УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ

0
515

На покана на премиерот Димитар Ковачевски, средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е закажана за 7 јуни во Клубот на пратеници во 11 часот.
Ве информираме дека на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Средбата е закажана за 7 јуни 2023 година (среда) во Клубот на пратеници во 11 часот, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата. Тие информираат дека на средбата главна тема ќе бидат одлуките што треба да се донесат во Собранието во однос на евроинтеграциите на државата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи.