ЛОКВЕНЕЦ : КОРИДОРОТ 8 Е КАПИТАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА ОД ГЕОСТРАТЕШКИ КАРАКТЕР, ЕУ НИ ДАДЕ ГРАНТ ОД 216 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОЕКТОТ

0
497

Во интервју за Фронтлajн, директорот на „Македонски железници Инфраструктура“,  Хари Локвенец,  говори за стратeшкиот Коридор 8, кој е од интерес за локалната економија, но и за геостратeшко поврзување на т.н. проект „Три мориња“, како и поврзување на три земји члeнки на НАТО.

Коментирајќи го предлог буџетот за идната година што го претстави министерот Фатмир Бесими. Локвенец вели дека железниците се една од приоритетните капитални инвестиции кои во вкупната предвидена сума од 800 милиони евра влегува со 250 милиони наменети пред се за патната но и за железничката инфраструктура од Коридорот 8.

„Во буџетот, во проекцијата, многу сериозно се зедоа железниците како една од инвестициите кои најмногу можат да придонесат индиректно кон развојот на локалната економија. Инвестициите во железницата се предвидливи и оваа Влада ги доведе во состојба да бидат предвидливи“, вели Локвенец.

Според проекциите 250 милиони евра се предвидени за патната и за железничката инфраструктура за Коридорот 8, но, како што коментира Хари Локвенец – „за мене најважно е што Владата покажува желба, волја но и активности во целост да ги финансира проектите во железницата. Тоа подразбира дека целосно ќе бидат финансирани изведените работи на веќе започнатите изведувачи за првата и втората фаза и ќе бидат финансирани почетокот на работите за третата најважната етапа“ додава Локвенец.

На прашањето колку европските пари помагаат за изградба на Коридорот 8 и дали тоа има врска со македонските аспирации за членство во Унијата како и почетокот на преговорите Локвенец со став:

„Сите ние како Македонци и како граѓани треба да се гордееме со последниот пример на грант средства кои ЕУ ги додели за МЖ односно за македонската држава поврзани со третата фаза со предвидена проектна вредност од 405 милиони евра, ние добивме во два наврати пред неколку години 61 милион евра од ЕУ и сега пред неколку месеци дополнителни импозантни 155 милиони евра грантовски, поклон, или вкупно 216 милиони евра што во релативни бројки како сооднос од проектираната вредност на проектот и грантовски средства тоа е повеќе од 50 %. Ако искуствено можеме да зборуваме дека досега немало земја кандидат за членство во ЕУ која во тој процес добила повеќе од 30% грант средства како дел од некој проект, тогаш сите ние можеме да бидеме не само задоволни и горди на нашето работење туку и на препознавањето од страна на ЕУ на искрена желба не само железниците туку целата држава да оди напред користејќи ги сите шанси од ЕУ“.

Правејќи споредба со вредноста и значењето на двата Коридори кои се вкрстуваат во нашата земја директорот на инфраструктура смета дека Владата пристапила рационално во пристапот кон инвестирање во двата, давајќи му предност на Коридорот 8 од две причини.

Коридорот 8 е остварлив за време на нашето пристапување кон ЕУ и затоа му дадовме приоритет, вели Локвенец, но како што објаснува, не само поради тоа туку поради разликата во цената на чинење која е драстична.

Имено, за Коридорот 8 добивме помош од 155 милиони евра европски грант додека за Коридорот 10 кој ќе чини околу 4 милијарди евра ќе мора да станеме земја членка што ќе ни овозможи многу поголем прилив на средства на кои сега немаме пристап, коментира директорот на инфраструктура на МЖ, Хари Локвенец во интервју за Фронтлајн.