ШОКАНТНО: ОЈО ГИ ИСПРАШУВА САМО ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ИЗЛЕЧИЛЕ ОД ХЕМОФИЛТРАЦИЈА НА ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА, ТИЕ ШТО СЕ ИЗЛЕЧИЛЕ НЕ БИЛЕ БИТНИ?!

0
400
Фејсбук статус на Ѓорги Ѓеоргиев со сведоштво за тоа како се води постапката за Клиника Жан Митрев во Основното јавно обвинителство Скопје

На ден 31.10.2022г., на покана од ОЈО Скопје, а во врска со моето лекување од Ковид 19 во клиниката Жан Митрев, уредно и навремено во 10.30часот , во својство на сведок, се јавив во просториите на ОЈО Скопје.

По цел час доцнење, во 11.30 часот, од чекалната бевме прозвани дваесетина луѓе и не’ повикаа сите да влеземе во просторија на приземјето. Во просторијата влегоа и НЕпрозвани луѓе – пратители на прозваните и можеби други?? Госпоѓата која не прозва се претстави дека е обвинителката која го води предметот и не’ запозна дека овде сме САМО за делот на лекувањето со хемофилтрација и дека друго ништо не е битно затоа што се изнаслушала многу за лекувањето таму. Ни објасни дека бидејќи има повеќе од 500 такви пациенти лекувани со хемофилтрација, НЕМА да бидат испрашувани сите, туку за неа било битно секој да се изјасни САМО дали е измамен и оштетен или не.

Во нејзиното кратко излагање евидентно беше нејзиното убедување дека кривичното дело ,,измама,, е направено со примената на хемофилтрацијата, која, да, била одобрена од Американската агенција за лекови при лекување на Ковид 19, но дека во клиниката Жан Митрев била правена рутински???
Бев многу изненаден од едно такво тенденциозно излагање без да биде сослушан ниеден сведок. Уште повеќе што побара прво да се јават тие кои не се чувствуваат измамени. ( лично сметам дека измамата е дело, а не чувство)

Јас како таков се изјаснив пред дваесетина и повеќе луѓе и притоа моите лични податоци, вклучително име, презиме, татково име, ембг, адреса на живеење беа гласно внесени на записник, што навистина не знам дали ова се коси со Законот за лични податоци, а уште повеќе и таквиот начин на водење на постапката.

Лично сметам дека ако бев сослушан како сведок и со увид во параметрите на мојата здравствена состојба пред и после применетата хемофилтрација, како и други појаснувања ( на пример: која била причината да одлучам моето лекување да биде таму, како течело моето лекување, кога била применета хемофилтрацијата( ако е рутински би требало да е со самиот прием нели? ), каква била мојата здравствена состојба пред и после хемофилтрацијата и др.) ќе  дадев свој придонес во предметот дека НЕ е направена измама како што таа мисли, туку напротив – спасен е мојот ЖИВОТ.  Впрочем, тоа може да го разберат само оние кои преживеале такво лекување.

Тоа право ми беше ускратено мене, како и на сите други чии животи биле спасени токму со примената на хемофилтрација. Револтиран сум, огорчен и шокиран од такво тенденциозно водење на постапка за сериозно обвинение и сакав ова да го споделам.