НИКОЛОСКИ ЗА 360 СТЕПЕНИ : ИМАВМЕ И ПОМАЛКУ ОД 430-440.000 ГЛАСОВИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, НО СЕГА ТРЕБА ДА ГО ГЛЕДАМЕ БРОЈОТ НА ПРАТЕНИЦИ И КАКО ИДНА ВЛАСТ ДА ГО СПРЕЧИМЕ БРАНОТ НА ИСЕЛУВАЊЕ

0
160

На новинарско прашање дали и тој смета дека партијата ќе добие од 300 до 330 илјади гласови, како што пред неколку месеци предвидуваше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, што е многу помалку од времето кога на чело на ВМРО-ДПМНЕ беше Никола Груевски, тој вели дека сега не треба да се гледа на вкупниот број гласови, туку на бројот на пратеници, поради масовното иселување од земјава.

„Сме имале 430-440 илјади за парламентарни избори, но мислам дека треба да гледаме во број на пратеници зашто, за жал, има големо иселување од Македонија, што по мене е најтажна работа што ни се случува и наша главна задача ќе биде да го запреме тој бран. Секој втор или се исели или сака да се исели, многу тажно е тоа“.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за 360 степени.