Град Скопје се вклучува во кампањата – Лето без пожари: Апелираме за внимателност при движење во шумите

0
945

Одделението за превенција при СВР Скопје почна кампања „Лето без пожари“ со активности на паркингот на Средно Водно. Кампањата се одвива во соработка со Град Скопје, Противпожарната бригада на Град Скопје и Црвениот крст на Град Скопје, Општина Карпош и ЈП „Паркови и зеленило“ со цел превенција од пожари на отворено во летниот период.

– Градот Скопје активно се вклучува во кампањата „Лето без пожари“. Апелираме за внимателност при движење во шумите, како и при движење на отворени простори заради превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци на отворен простор, да не се пали оган на отворено, со што заедно ќе придонесеме за зачувување на шумите и истите да ги оставиме во наследство на идните генерации – изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.