ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА МВР: ФАТЕН ТЕШКИОТ КРИМИНАЛЕЦ, НИНЏА, КОЈ БЕШЕ ГЛАВЕН ОПЕРАТИВЕЦ НА РЕЖИМОТ!

0
1232

Александар Василевски-Нинџа, кој е обвинет за настаните на крвавиот четврток во Собранието, се предал сам на полицијата и денеска дал исказ во кривичниот суд, од каде потоа бил пренесен во затворот во Шутка, дознава Слободен печат.

Нинџа подолго време не беше достапен за органите на прогонот.

Тој досега е осудуван за низа тешки кривични дела. Сега се сомничи дека тој ја предводел толпата во собранието на 27-ми април, откако добил наредба по телефон од бодигардот на Груевски во Виена.

Тој беше главен оперативец на терен и извршител на сите подземни операции на Сашо Мијалков и Груевски како претепување новинари, политички противници, рекет на бизнисмени, разни местенки за време на избори…

За возврат добиле на користење коли, телефони и значки од ДБК, биле над законот, веројатно добивале и пари на рака во големи суми како награда…