ЌОСИЊАТА ВЕРНИ ДО ГРОП НА ЧАВКОВ, МИЈАЛКОВ И ГРУЈО, ГО БЛОКИРАА ВЛЕЗОТ НА КРИВИЧЕН СУД СО ЗУРЛИ, БАКЛИ И ТАПАНИ КАДЕ ЌЕ СЕ СУДАТ НАПАЃАЧИТЕ ОД КРВАВИОТ 27-МИ АПРИЛ

0
1712

Десетици поддржувачи од здружението на „Андон Јанев Ќосето“ со македонски знамиња се собраа денеска пред кривичниот суд за да им изразат поддршка на Чавков и пратениците за судењето за настаните од крвавиот четврток во 2017 година.

Дел од присутните носат црни маички на кои пишува Ќосето. Mеѓу присутните се Бате Геле и Сотир Костов. Поради ваквиот собир на поддржувачите, евидентно е и зголемено полициско присуство пред судот.

Присутните извикуваат и свират. Од скандирањата може да се чуе „Уа предавници, уа бандити“ итн. Една од присутните пред судот држи лист на кој е испишана пораката: „Македонските патриоти ги обвинува обвинител учесник во шарената револуција – Вилма Русковска (шарена обвинителка). Изземање и оставка!“

На обвинителна клупа за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста треба да се појават ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, како и петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Вкупно обвинети за крвавиот четврток во Собранието се 30 лица.

Предметот ќе го води судијката Добрила Кацарска, која го осуди експремиерот Никола Груевски на казна затвор од 2 години за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“. Судијката закажа вкупно 38 рочишта, од кои 5 во август, 6 во септември, 10 во октомври и 17 во ноември.

Извор : МакФакс