ЛДП: Продолжуваат матните игри за продажбата на поранешниот ученички дом „Мирка Гинова“

0
860

„ЛДП сака да ја извести битолската јавност дека продолжуваат матните игри околу продажбата на поранешниот ученички дом Мирка Гинова во Битола.

После неговата срамна продажба за мизерни 300.000 евра, советниците од Вмро-Дпмне донесоа одлука со која се продава и земјиштето под објектот и тоа не за цената која може да се постигне, тука за 100.000 евра помала сума од  реалната.

ЛДП сака да ги потсети граѓаните на Битола дека за истиот објект, Општина Битола го промени и урбанистичкиот план и наместо ученички дом, таму ќе никне станбена зграда.

ЛДП прашува до кога и до каде Општината мисли да го распродава и раскрчмува  имотот на  граѓаните, притоа водејќи се само од личните и тесно партиските интереси“, се вели во соопштението на ЛДП.