ЌЕ СЕ ПРОШИРУВА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД ЗА МАКЕДОНСКИ ФУНКЦИОНЕРИ – СПОРЕД АГЕЛЕР ОВИЕ ОДЛУКИ СЕ НОСАТ ВРЗ БАЗА НА ЦВРСТИ ДОКАЗИ

0
798

Освен струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црна листа на САД ќе се најдт и други имиња од земјава. Амбасадорката Агелер и денеска кажа дека овие одлуки се носат врз основа на цвсти докази за корупција и ја потврди вчерашната изјава САД ќе продолжи да повикуваат секого – без разлика на позицијата или политичката партија – којшто ќе го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот.

Овој процес на назначување трае подолго, процес кој што внимателно се спроведува. Така што се врши ревизија на сите докази, на се што е утврдено. Но, има и една листа на имиња кои се уште се во процес на разгледување, а откако ќе се утврдат сите факти тогаш се однесува финалната одлука. Не можам засега со точност да кажам кога ќе бидат соопштени други предлози од црната листа, изјави Агелер.