„Стој овде“ – пред банките и маркетите во Прилеп поставени налепници за одржување на потребното растојание

0
1192

Во насока на ефикасно спроведување на мерките на Владата, Министерството за здравство и Општинскиот кризен штаб, а со цел заштита на здравјето на граѓаните, пред експозитурите на банките и маркетите во градот, Општина Прилеп постави налепници за одржување на препорачаното растојание меѓу граѓаните од минимум два метра.

Истовремено, во обезбедување на редот пред банките и маркетите, каде и покрај бројните апели за држење на растојание се создаваат непотребни гужви, од денеска ќе бидат вклучени и претставници на Армијата на Република Северна Македонија.