ГЕРМАНСКИ ВМРОВЦИ НЕОНАЦИСТИ ПАТРОЛИРААТ ПО ГЕРМАНСКИ УЛИЦИ И БАРААТ ЕМИГРАНТИ ДА КОЉАТ!

0
1426

Полицијата во баварското гратче Амберг ги истражува тврдењата за граѓански патроли кои ги вовеле припадници на екстремно десната Национал-демократска партија на Германија (НПД) откако четворица бегалци од Авганистан, Сирија и Иран физички малтретирале граѓани минатиот викенд.

„Знаеме за повици за мобилизирање преку социјалните мрежи, но засега не најдовме докази дека навистина имало граѓански стражарски патроли по градот“, соопшти полицијата. Во соопштението се додава и дека се истражуваат објави на социјалната мрежа Редит, во кои се обвинуваат градските власти дека не се во состојба да ги заштитат граѓаните на Амберг од емигрантското насилство.

Градоначалникот на Амберг Михаел Церни (Христијанско-социјална унија ЦСУ) изјави дека добил писмо во кое го информирале за испраќањето „извидници“ во Амберг, но не прецизираше кој ја испратил пораката.

Претходно, НПД на Нирнберг на својот фејсбук профил објави фотографија од лица во црвени елеци со порака: „Ние создаваме заштитни зони во Амберг“.