СРПСКИОТ ТЕНИСЕР ЃОКОВИЌ Е НЕДОСТИЖЕН НА ПРВОТО МЕСТО НА АТП ЛИСТАТА ВЕЌЕ 353 НЕДЕЛИ

0
1155

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го зголеми сопствениот рекорд по бројот на недели на врвот на светскиот тенис. Од денеска е веќе 353 недели недостижен на врвот на АТП листата.

Ѓоковиќ на 8 март годинава го надмина Швајцарецот Роџер Федерер по бројот на недели на врвот на АТП листата (310) и оттогаш само го зголеми рекордот.
Српскиот тенисер Ѓоковиќ има 11 540 поени на првото место, 2900 поени повеќе од второпласираниот Русин Данил Медведев.

Зад нив двајца, заостануваат Германецот Александар Зверев, Гркот Стефанос Циципас и Русинот Андреј Рубљев.