ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ РАСПАЛИ ПО ПЕРО АНТИЌ – „МНОГУ УБАВ ПОДАРОК, ЗА ВЕРНОСТ КОН СРПСКИОТ СВЕТ“

0
1034


Лидерот на ВМРО-Народна Љубчо Георгиевски денеска преку фејсбук статус распали по еден од најдобрите македонски поранешни кошаркари во земјава и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, откако тој вчера, како што објави и Фактор, му подари патики со четири „С“.

„Четири С, многу убав македонски идентитетски поклон од претседателот на Македонската кошаркарска федерација до претседателот на Србија.
Симболот од кој се тресевме до 2001, а сега како верност кон српскиот свет“, напиша поранешниот премиер Георгиевски на фејсбук.

 А, како што вчера објавивме, српскиот претседател Александар Вучиќ, кој вчера беше гостин во Македонија на состанокот на процесот Брдо Бриони, денеска имал средба и со познатиот кошаркар Перо Антиќ, кој, пак, му подарил патики.

Вучиќ на инстаграм објави од средбата со Антиќ. „Со легендата на српската и македонската кошарка Перо Антиќ. Перо ми подари патики „Србија 1“.
Исто така, двајцата сме горди на српската кошарка и чекаме злато од Париз“, напиша српскиот претседател.