Јованоски: Општина Прилеп подготвена во целост да ги спроведе новите мерки на Владата

0
851

Со цел запазување на мерките за заштита од коронавирусот, денеска
одржавме онлајн седница на Општинскиот кризен штаб, при што ја
разгледавме моменталната состојба со КОВИД-19 во општина Прилеп.

Дискутиравме за новите мерки кои ги донесе Владата на Република Северна
Македонија, а кои се однесуваат на трите најпогодени општини од
коронавирусот, помеѓу кои се наоѓа и општина Прилеп.

Прво и најважно, од утре среда 22 април, се воведува мерка за забрана за
движење на населението на подрачјето на општина Прилеп без носење на
соодветна заштитна опрема – маска, шал, марама и слично, надвор од своите
деомови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и
затворени простории, маркети, продавници и сл.

Општина Прилеп им препорачува на сите граѓани од нашата општина, да го
редуцираат излегувањето од своите домови. Тоа да го прават само од
најнеопходни причини, односно заради одење на своите работни места, како и
излегување од својот дом на само еден член на семејството, заради купување
намирници и лекови од маркетите и аптеките.

Второ, врз база на новите мерки кои се однесуваат на општина Прилеп, заедно
со ОВР – Прилеп подготвивме посебен оперативен план, кој стапува на сила од
утре, за присуство и дејствување на полицијата на подрачјето на општина
Прилеп преку користење на засилени патроли и засилено присуство на
полицијата, користење на мегафонска опрема од полициските возила на
јавните места и површини, со цел контрола над почитувањето на одлуките,
мерките и препораките донесени од Владата на Република Северна
Македонија.

Во оваа прилика сакам да ги пофалам граѓаните, заради почитувањето на
мерките на Владата за одржување на физичко растојание од минимум два
метра. Имено, денеска со почетокот на исплатата на субвенциите за тутунот,
пред сите банки е видливо дека граѓаните се придржуваат на мерките, ја
одржуваат потребната дистанца, при што најголем дел носат и заштитни маски.

Во таа насока, денеска ја продолживме акцијата на делење бесплатни маски,
која што ја започнавме пред Велигденските празници и која ќе продолжи во
следните денови, односно се додека граѓаните имаат потреба од заштитни
маски.

Што се однесува до денешната состојба со КОВИД-19 во нашата општина, до
овој момент нема новозаболени лица со коронавирус.
Во Инфективното оддление се хоспитализирани 24 пациенти. 19 од нив се
позитивни на коронавирус, од кои 3 се на кислородна поддршка.

5 пациенти се наоѓаат во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати.
До сега, вкупно во Центарот за јавно здравје земени се 460 материјали, од кои
117 биле позитивни.

Имаме 7 целосно излекувани пациенти, со потврдени 2 последователно
негативни брисови на КОВИД-19. Шест пациенти се со еден потврден
негативен брис, а за вториот се чека резултат.

Во самоизолација се наоѓаат околу 500 лица.