БОМБА НА ЈАКИМОВСКИ : НЕКА ДЕМАНТИРА МИЦКОСКИ ДЕКА Е УЦЕНЕТ СО “ЛУЈ ВИТОН” ТАШНИ И БЕЛГРАДСКИ СНИМКИ!

0
779

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во видео-обраќање на Фејбук реагира на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека ГРОМ биле уценети и прашува дали нивниот “лидер” Христијан Мицкоски е уценет со белградски снимки?

– Повеќе пати слушам обвинување или фантазии на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и овојпат сум должен конечно да реагирам на нивното соопштение за причините за промени на директори во Градот Скопје од страна на градоначалничката Арсовска, како што тие велат со цел да се задоволат криминалните апетити на СДСМ, фолирантите од Левица, уценетите од ГРОМ и креаторите на лаги и криминал од ДУИ.