Јованоски : Во изминатите три години, континуираното инвестирање во образовниот процес во 10-те основни, 5-те средни и основното музичко училиште, беше еден од приоритетите на Општина Прилеп

0
659
Во изминатите три години, континуираното инвестирање во образовниот процес во 10-те основни, 5-те средни и основното музичко училиште, беше еден од приоритетите на Општина Прилеп.

Само минатата година, во основното образование вложивме 27.6 милиони денари, од кои за поправка, санација и одржување на објекти 7 милиони денари, за набавка на училишен мебел 7.1, а за изградба и реконструкција на објекти 13.5 милиони денари. Притоа, со помош на општествено одговорни компании, за ученици од социјално ранливи семејства дониравме таблет компјутери, со цел непречено следење на наставата од далечина.
За истата намена, во училиштата за средно образование, инвестирани беа над 5 милиони денари.

Реконструкција на фасади, покриви и подови, санација на тоалети, замена на старата дотраена дограма со нова ПВЦ, изградба на кабинети и работилници за стручните предмети, набавка на телевизори, компјутери, клупи, столици и нагледни средства, инвестирање во обука на наставниот кадар, беа дел од проектите кои со заеднички труд и средства, ги реализиравме во изминатиот период. Со иста енергија и желба, со истото темпо продолжуваме и оваа година.

Бидејќи, инвестирањето во образованието, е инвестирање во иднината на генерациите кои доаѓаат!
Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.