КОВАЧЕВСКИ : ВЛАДАТА ПОДГОТВИ ЗАКОН ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ, МИЛОШОСКИ ДА ГО СТАВИ НА КОМИСИЈА

0
131

-Се работи за одлуки што ги носат американските институции врз основа на информации со кои тие располагаат. Со оглед на тоа дека САД се наш стратешки партнер и исто како и ЕУ и Обединетите нации, Владата подготви закон за рестриктивни мерки што е поднесен до Собранието. Го видовте соопштението од СДСМ, јас можам само да повторам дека го повикуваме пратеникот Антонио Милошоски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат законот и да го пуштат во собраниска процедура, изјави денеска претседателот на СДСМ Ковачевски.Според него, очигледно е дека тој (Милошоски) од некаква причина го блокира законот да не биде ставен на комисиска расправа и со тоа да не биде донесен.

-Доколку не планираат да го стават тогаш треба да кажат од кои причини тој закон не сакаат да го стават да биде донесен во Собранието, рече Ковачевски.САД ги проширија санкциите против Иран со 16 дополнителни компании, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.Поради вмешаност во значителна корупција американскиот Стејт департмент вчера именува повеќе функционери од Западен Балкан на „црна листа“, меѓу кои и поранешната специјална главна обвинителка на Северна Македонија, Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за претседател на Северна Македонија, Стевчо Јакимовски