ГЕОРГИЕВСКИ ОБЈАВИ ПРВА СТРАНА ОД КНИГА КАДЕ СЕ ВЕЛИЧА БУГАРИЈА И НАПИША : ПОГЛЕДНЕТЕ ЗАД ШТО СТОИ НАТАША КОТЛАР

0
1962

Поранешниот премиер на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, из годините наназад, има смелост да ги каже сите оние работи кои другите ги мислат, но не му ги кажуваат на народот.

Поради тоа, тој е нап аѓан, омаловажуван, етикетиран како бугараш, платеник, со еден збор боксерска вреќа… Интересно е што ставовите на Георгиевски за историјата, речиси ниту еден историчар ги нема демантирано, во директен дуел со Георгиевски.

Завчера Љубчо Георгиевски гостуваше на ТВ 24 и повторно предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, со своите ставови околу нашата поблиска и подалечна историја.

На својот профил на социјалните мрежи, го прокоментира и професорката Наташа Котлар:

УЧЕНИ И ИНТЕЛЕГЕНТНИ АНАЛИЗИРАЈТЕ ЈА ТЕМАТА! Погледнете го добро овој лик, тој е поранешен премиер на РМакедонија, кој се чувствува како (Не)Македонец, ама милува да е Бугарин и јавно да изјавува дека требало уште од поодамна да се направи ревизија на „нашата“ историја.

Со овој лик ние Македонците немаме „наша“ историја. Но, се согласувам дека уште тогаш во раните 90-ти години, требаше да расчистиме со овој и нему сличните политички, (а)национални, (не)македонски и скрупулозни ликови, докажани во погубната македонска приватизација и (не)демократизација!!! Но, не!

Ние македонските простодушни жители на оваа држава дури и можности големи им дадовме! Затоа, не напредуваме како општество, со овие „чувај Боже ликови“, а ги има многу.

Ние македонските простодушни жители на оваа држава дури и можности големи им дадовме! Затоа, не напредуваме како општество, со овие „чувај Боже ликови“, а ги има многу.

И наместо, како што вели Г.Прличев:„ од куќите да ги изгонеме со дрво, како што готвачите го гонат кучето од кујната“, наседнавме неповратно – општествено-политички, економски, културолошки и човечки.