ПРВИ СНИМКИ ОД МЕСТОТО КАДЕ ЗАГИНА ПРИГОЖИН – ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ ВОДЕШЕ БУНТ ПРОТИВ ПУТИН, ДЕНЕС ИЗГЛЕДА СНЕМАЛ КСМЕТ И ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА

0
517

Десет лица загинаа во авионот што се урна во северозападниот дел на областа Твер, во близина на селото Куженкино, а руската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека еден од нив е и водачот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

На објавените видеа се гледа како леталото нагло ја губи висината, почнува да паѓа, по што на местото на несреќата се појавува густ чад.
Според руските медиуми, станува збор за деловен авион Embraer. Новинарката Ксенија Собчак, повикувајќи се на извори, изјави дека бројот на авионот е RA-02795 и дека му припаѓа на основачот на групацијата Вагнер, Евгениј Пригожин.

Руското Министерство за вонредни ситуации извести дека во соборениот приватен авион кој летал од Москва за Санкт Петербург има десет лица (меѓу кои и тројца членови на екипажот). Според првичните информации, сите во авионот загинале.