СРЕДБА БЕСИМИ-МИЛЕР : ВЕТЕРНИ И ФОТОНАПОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРАНИ И ДРУГИ ЕНЕРГЕТСКИ И ДРУГИ ЕНЕРГЕТСКИ ПРОЕКТИ СЕ ПРИОРИТЕТИ ЗА ИДНА СОРАБОТКА СО КВФ

0
439

23 август 2023, Скопје – Паркот на ветерни електрани Миравци, две фотонапонски електрани во кругот на ТЕЦ Битола, модернизација и надградба на комплексот Енергетика и соларна топлификација Битола, се проектите за кои од КФВ банката изразија интерес за поддршка на реализација во нашата земја. На средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими со директорот на Секторот за Југоисточна Европа и Турција во КфВ, Клаус Милер беше разговарано тековното портфолио на проекти, како и идната соработка со банката. Тековно КФВ финансира проекти во вредност од речиси 200 милиони евра.

Министерот за финансии на средбата изрази благодарност за поддршката што РС Македонија ја добива од КфВ банката. Станува збор за програмата за наводнување на РС Македонија во вредност од 80 милиони евра, ревитализација на хидроелектрани во вредност од 25 милиони евра, втора фаза од Ветерниот парк во Богданци со 18 милиони евра поддршка од КфВ банка, спроведување топлификација на Битола со 39 милиони евра од КФВ, енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во износ од 20 милиони евра и други.

„Поддршката која ја добиваме од КФВ банка за нас е од големо значење, а во моментов особено е значајна поддршката во секторот енергетика, која очекуваме да продолжи со уште поголемо темпо во иднина“, истакна министерот Бесими.Од КФВ банка исто така ја поздравија досегашната и изразија интерес на идна соработка, претежно во делот на енергетиката и одржливи извори на енергија.

KфВ развојната банка е дел од КфВ групацијата. Банката обезбедува долгорочен капитал и поттикнува инвестиции во инфраструктурата, финансиските системи и заштитата на животната средина. Нејзината мисија во РС Македонија е промовирање на одржливиот развој, поддршка на процесот на транзиција и поддршка за пристапување кон ЕУ. КфВ е активна во РС Македонија од 1992 година.СР Германија е наш значаен поддржувач и партнер на нашиот пат кон евроинтеграција, како и наш најзначаен трговски партнер. Владата на СР Германија досега има инвестирано во земјава 500 милиони евра.