ПЦЕР: Мора да се испочитува договорот од Пржино

0
948

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимоски, денеска имаше средба во американската амбасада со Дејвид Стивенсон, шеф за политички и еконосмки сектор и Давид Мејер од кабинетот на амбасадорот Бејли.

Лидерот на ПЦЕР разговарал за актуелната состојба во Македонија и ставот на партијата околу политичката криза. Ибраимоски вели дека мора да се исполни договореното од Пржино, да се изберат јавните обвинители, и да нема други дополнителни барања од договореното, ниту од власта, ниту од опозицијата, министрите што треба да се изберат да имаат овластувања како што следува, односно да се усогласи законот за влада и да се изберат новите министри и заменици.

Ибраимоски вели дека доколку Македонија ја загуби препораката од ЕУ, најголемиот виновник ќе биде партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата, како што иноформираат од ПЦЕР, се дискутирало за дискриминацијата на Ромите од страна на власта во „бомбите“ кој ги објави опозицијата и навредите кон Ромите од страна на одредени министри и директори на институции.

Лидерот на ПЦЕР исто така поставил прашање за азилантите кој ги враќаат од Германија и другите европски држави, нагласувајќи дека тука не добиваат помош од власта.