ЈАНЧЕВА : ОДГОВОРНОСТА ЗА КОЛАПСОТ ВО ЈСП Е КАЈ ВМРО-ДПМНЕ И АРСОВСКА

0
464
„Одговорноста за колапсот на градскиот превоз и ЈСП е кај мнозинството во Советот, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка а сега градоначалничка Данела Арсовска“, истакна Љубица Јанчева советничка од СДСМ во Советот на Град Скопје во емисијата Анализа 24 на Телевизија 24.
„Одговорноста е кај мнозинството во Советот на ВМРО-ДПМНЕ кое изгласа Буџет во кој не биле предвидени средства за плати во јавните претпријатија. ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги лажеа граѓаните, Арсовска ги лажеше и вработените во јавните претпријатија. Има одговорност кај градоначалничката, но одговорност треба и од ВМРО-ДПМНЕ. Таа е нивни кандидат, заедно одеа на терен, ја промовираа, а победата ја славеше во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Бегањето од одговорност од страна на ВМРО-ДПМНЕ го покажува нивното лице“, заклучи Јанчева.
„Управниот и надзорниот одбор имаат исто така одговорност и треба колективно да си поднесат оставка. Надзорниот одбор го следи финансиското работење на институцијата“, рече Јанчева.
„Градоначалничката којашто ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа, Арсовска, не ја сфаќа тежината на функцијата градоначалник на Град Скопје, ако чека се од Владата тогаш што ќе прави таа како градоначалник“, истакна Јанчева.
Осврнувајќи се на долговите кон ЈСП Јанчева посочи дека Владата не должи ништо кон Град Скопје но и дека Арсовска треба да се ангажира да ги побара долговите од другите единици на локалната самоуправа да бидат подмирени.
„Недозволиво е одредени општини да имаат долг кон градот и да не го наплати тоа градот. Тоа е по основ на превоз на средношколци, станува збор за приградските општини. Зошто не ги каже поединечно кои се тие општини и да видиме колкава е таа обврска и од кои градоначалници“, посочи Јанчева.