Обединети за Македонија и Љубе Бошковски испратија порака до вмровците : Браќа и сестри вмровци, поддржете ја реформска влада на Заев

0
1642

Излез од политичката криза преку прифаќање на волјата на најголемиот број граѓани на Македонија и формирање на реформска влада од страна на мандатарот, кој обезбеди 67 мандати. Ова се заклучоците од редовната седница на претседателството на партијата на Љубе Бошкоски – Обединети за Македонија, одржана вчера во Велес, соопштуваат од партијата.

На редовната седница на претседателството на Обединети за Македонија, одржано во Велес на 26.03.2017, на дневен ред меѓу другото беше заземање став, околу актуелната општествено-политичка ситуација која што продуцира продолжена политичка криза. Обединети за Македонија притоа донесе заклучок дека: Македонија мора и може да излезе од криза со конституирање на парламентот; Прифаќање на волјата на најголем број граѓани на Република Македонија, изразена преку мандати; Формирање реформска влада од мандаторот кој обезбеди 67 мандати“, стои во соопштението од ОМ.

Од партијата на Бошкоски велат дека ќе ги прифатат сите решенија кои се во рамки на Уставот на Република Македонија, кои преку дебати ќе отворат го отворат патот на земјата кон Европската Унија и НАТО.

„Обединети за Македонија како партија, со јасна вмровска идеологија ги повикува своите браќа и сестри вмровци на разбирање на сериозноста на ситуацијата, да дадат поддршка на демократските процеси“, нагласуваат од Обединети за Македонија.