БИТОЛСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ПЕТРОВСКА СЕ СРЕТНА СО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНС: СВЕЧЕНО ПОСТАВЕНА Е СПОМЕН-ПЛОЧА ЗА АМЕРИКАНСКОТО ЖЕНСКО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА ОД ПРЕД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

0
1075
“Во сеќавање на американското училиште за девојки во Битола и американската воспитувачка и мисионерка Мери Луиза Метјуз 1888-1920. Мери Метјуз ќе биде запаметена како една од хероините која наместо да си замине, избра да остане и да им биде подддршка на жените во тешките времиња”, стои на спомен плочата, која свечено беше откриена.
Во паркот кај Градскиот часовник, беше откриено спомен обележје на првата американска болница во Битола, која постоела за време на Првата светска војна.
“По завршувањето на Првата светска војна, двете докторки од САД, познати како Ангелите од Битола, д-р Регина Флод Кејс и д-р Францис Мабел Флод, ја отворија првата американска болница во Битола, раководена од жени, со поддршка на Црвениот крст за да му помогнат на локалното население. Мотото на американската мисија беше: “Успеавме да ја добиеме војната, сега мораме да го добиеме мирот“”, пишува на спомен обележјето.
-ФБ СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА БИТОЛА, НАТАША ПЕТРОВСКА