Во името на Единствена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до членовите на Синодот на Македонската православна Црква, на преподобното свештенство и монаштво и на сите православни верници по повод големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божиќ со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој.
Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја одбраниме светата македонска земја која е окупирана од сатаната која нема никава почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.
Водени од оваа верба, силно веруваме дека следниот Божиќ ќе го дочекаме во слободна Македонија и ќе си ја вратиме државата назад.
Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување. Македонските свештеници имаат силна национална должност да ја проповедаат нашата света должност да ги одбраниме библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја.