НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕГОВОРИ МОЖЕ ДА БИДЕ КРЕДИБИЛНА СО ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО НАС, ДИМИТРОВ: РЕДНО Е ЕУ ДА ГО ИСПОРАЧА ТОА ШТО НИ ГО ВЕТИ

0
777

“Крајно време е Европската Унија да испорача кон Северна Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови. Крајно време е за добри вести и прогрес по европскиот пат за целиот регион​” – рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во Виена на покана на австриската министерка Каролине Едштадлер.

Според Димитров, новата методологија за пристапни преговори може да внесе нова динамика и дава поголема веродостојност на пристапниот процес само ако е правилно применета, за што е потребна заемна посветеност и на земјите кандидати и на ЕУ.

“Ако се вратиме на основите како што предвидува и самата методологија, не смееме да го заборавиме базичното правило дека процесот на пристапување е двостран и подразбира испорачување на обете страни” – истакна вицепремиерот Димитров.