ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ДО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ОТКАКО ПАЦИЕНТ ПОЧИНА ОД СЕПСА

0
348

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека иницирал вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничката болница – Штип по добиените сознанија за пациент кој починал од сепса.

Роднини на починатиот пациент Ј.Д. (25) од Берово на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница.

Смртта на пацеинтот ја потврдија и од штипската болница.