НЕ МОЖЕ ДА СИ НАД ЗАКОНОТ ОТИ СИ БОГАТ, МУ ПОРАЧА НА ЃОКОВИЌ АВСТРАЛИСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР

0
928

Не може да одиш по светот и да мислиш дека си над законот, порача австралискиот вицепремиер Барнаби Џојс за ситуацијата со српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ кој во карантин ја чека одлуката на австралискиот суд кој треба да реши дали ќе биде депортиран.

-Ако не ги пополнил формуларите правилно, веројатно мислел дека може да се шегува со правилата на една држава. Очигледно е дека некој згрешил, а ако Ѓоковиќ не ја кажал вистината, тогаш јасно е дека тој погрешил и ќе биде депортиран. Не може да одиш по светот и да мислиш дека си над законот на некоја држава само затоа што си богат, рече Џојс.

Ѓоковиќ, кој е гласен противник на вакцинацијата, доби изземање од правилата на Австралија опен, односно од строгите епидемиолошки мерки за да може да игра на турнирот, кој започнува на 17 јануари.