„Прво, Северна Македонија е првата која почна со трансформација на производство на електрична енергија од старите централи на лигнит на фотоволтаични централи. Прв таков проект се наоѓа во Осломеј, кадешто на старите наоѓалишта на јаглен ја имаме првата фотоволтаична централа од десет мегавати веќе пуштено во употреба.
Веќе се работи на втората а со јавно приватно партнерство веќе се договорени две фотоволтаични централи од по 50 мегавати што значи дека една лигнитна централа од 120 мегавати ќе биде заменета со фотоволтаична централа од 120 мегавати.Не смееме да дозволиме како во времето на транзицијата луѓето да остануваат без работа бидејќи јас и тогаш сум зборувал и сега таа транзиција беше направено комплетно без концепт, затоа огромен број на работници во државата останаа без своите работни места. Тоа во овој случај нема да биде дозволено. Работниците ќе бидат тренирани и ќе работат на новите централи кои ќе се градат.По пат на јавно приватно партнерство ќе бидат пуштени во употреба 2023 година 130 мегавати на фотоволтаични централи. Во источна Македонија веќе се инсталираат односно се монтираат 25 мегавати ветерна централа. Во текот на изминатиот месец беше пуштена најголемата од 17 мегавати централа во државата од страна на странски, словенечки инвеститор. Куриозитет е што таа централа од 17 мегавати е поголема од било која централа во Словенија, што значи дека секој инвеститор кој добро размислил знае дека подобро е да направите фотоволтаична централа во Северна Македонија која има 270 сончеви денови со температура и движење на ветер кој овозможува најголема ефикасност на централите отколку да ги направите на друго место.
Владата веќе разговара со инвеститори со реномиран карактер, тоа се три големи инвеститори, едниот од Германија, ВПД, АКУО од Франција и Милитинеос од Грција. ВПД е во преговори за изградба на 400 мегаватна ветерна централа во североисточниот дел од Северна Македонија. АКУО за изградба на фотоволтаична централа исто така од 400 мегавати во штипскиот регион и Милитинеос за изградба на когенеративна гасна централа во Скопје кои ќе треба да дадат дополнителна електрична енергија за државата.
Истото се однесува на 72.000 компании коишто работат на регулираниот пазар и кои исто така добиваат субвенционирана електрична енергија сè со цел да се заштити животниот стандард и работните места на граѓаните.Како Влада обезбедивме и директна финансиска помош и за компаниите и за граѓаните со пакети од антикризни мерки од 760 милиони евра.
Со оглед на тоа дека ги поддржавме најранливите категории на граѓани во општеството, на пензионерите со најниски примања, ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, ги зголемивме пензиите 10%. Сметам дека тоа се социјалдемократски политики кои мора да бидат применети во вакво време.Ова не е време на изобилие, ова е време на солидарност“, рече премиерот Ковачевски.