ЈАКИМОВСКИ: ВО СЛУЧАЈОТ ,,ФЕНИКС” ИМА ТЕЖОК КРИМИНАЛ АМА ВЛАДО ТИНЕКС НЕ Е КРИМИНАЛЕЦ, ЧОВЕКОТ НАСТРАДА ВО ТУЃА ВАЛКАНА КРИМИНАЛНА ШЕМА

0
1383
  • Го спомнавте случајот ,,Феникс”, таму не може да не му веруваме на обвинителот дека има перено пари како што спомна 16 милиони евра најдени се на сметки. Но јас не можам со една работа да се сложам, Владо Тодоровиќ е градоначалник кој се нема чаша вода напиено од Општина Центар, нити литро бензин потрошил, нити една дневница, секој Бајрам донирал, и на тој човек да му барате притвор затоа што не требал да ги прими парите што владата со одлука ги доделила како и на Аларова.

    Па кој е тој маж градоначалник кога владата ќе донесе одлука да додели средства да каже јас не ги примам тие средства.

    Мислам целата акција со ,,Феникс” си го извалкаа со Владо Тодоровиќ и дека инсистирањето на негово притворање беше сосема непотребно, а од друга страна ако Аларова ги примала парите а потоа тој ги примал парите а за него барате притвор, а не за тие пред него, тоа е дискутабилно но никој не спори дека таму имало пари, а јавниот обвинител изјави дека Тодоровиќ не е вклучен во перењето на пари.

Стевче Јакимовски во ,,Само Вистина” на Канал 5.