Турците пред Владата: Од овде се финансира дното на новинарството

0
1344

Десетици граѓани припадници на турската заедница со поддршка од голем број граѓани од различни националности во Македонија во моментов пред Владата со свирежи, сирени и турски знамиња изразуваат револт од говорот на уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас во вчерашното интервју со лидерот на опозицијата Зоран Заев, на кого му се обрати со зборовите: „Лажеш како Турчин“, пренесе НОВА.

Според присутните, со вчерашното интервју на Сител допрено е дното на новинарството и тие бараат власта соодветно да реагира. Велат дека протестот почнува од пред зградата на Владата, бидејќи таа е главниот финансиер на провладината телевизија Сител, а со досегашните гостувања на владини претставници таму и се дало легитимитет на таа телевизија.

Повеќе прочитајте на НОВА.