КУРТОНИТЕ ОД АВМУ И ПО 12 ГОДИНИ ДИКТАТУРА ОСТАНАА ДЛАБОКО ВО ГАЗОТ НА ГРУЈО, ОВОЈ ПАТ ГО НАПАДНАА ОРДАНОВСКИ ЗА ТОА ШТО НЕ БИЛ ЕТИЧКИ И БИЛ НЕПРОФЕСИОНАЛЕЦ ВО ИНТЕРВЈУТО СО ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ!

0
1079

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку соопштение реагира на вчерашното интервју на телевизијата 1ТВ со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во соопштението се вели дека телевизијата не ги почитувала професионалните стандарди односно новинарот кој го водел интервјуто, Сашо Ордановски, ги прекршил начелата за почитување на достоинството на личноста, начелата за пресумпција на невиност и начелата за објективно и непристрасно прикажување на настаните.

„Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Ордановски со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, емитувано на 1ТВ, првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто, новинарот ги прекршува начелата за почитување достоинството на личноста, за пресумпција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различни гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, стои во соопштението од АВМУ.

Од Агенцијата велат дека професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела на вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди.

Замислете, овие шупци од АВМУ сега делат памет за морал и етика и кодекс во медиумите, откако 12 години премолчаа се што се случуваше во медиумите на МПМ, против земањето на лиценци Телма, А1 и А2, потоа ги немаше никаде последните години за Сител и Канал 5, па и сега ги нема откако Алфа ТВ се претвори во дувло и главен прес центар на ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски.

Значи ако идеме по нивната логика за кршење на новинарскиот кодекс телевизијата на Ефтов каде секоја вечер се вршат разни теории на заговор за плашење раја треба да се затвори! Какви морони, дебили, ВОЛОВИ!