ЃОШЕВ : МУЦУНСКИ ВО ГОДИНА ИПОЛ ОД СВОЈОТ МАНДАТ НЕ СРАБОТИ НИШТО

0
565

Изјава за медиуми, Виктор Ѓошев, СДММ Аеродром.

Почитувани граѓани,

Градоначалникот на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во година ипол од својот мандат не сработи ништо. Нема ниту еден реализиран проект, ниту едно реализирано ветување.

Погледнете зад мене. Пред извесен период од ова место, Муцунски заедно со шпицниот градоначалник Мицкоски најавија градежни активности за наводно нов парк „Радост“.

Наместо парк има само празна ливада. Наместо радост – прашина.

Муцунски само за спорни ДУПови во Лисиче е агилен. Прв е за впишување згради и бетонизација. За друго никаде го нема.

Едно зборуваше во кампања, друго прави сега, Муцунски ги разочара граѓаните на Аеродром.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување.

Ви благодарам.