НИКОЛОВСКИ : ПО 19 МЕСЕЦИ ОД ПРЕДИЗБОРНО НАЈАВЕНА ФАБРИКА ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ЖАБЕНИ ОД СТРАНА НА КОЊАНОВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ СТАНА ПРИКАЗНИ ЗА МАЛИ ДЕЦА

0
467

Пресконференција на советникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Петар Николовски.

Со почит,
прес-центар при ОО СДСМ Битола
Приказни за мали деца во кои битолчани веќе не веруваат. Така изгледа извештајот за работата на Индустриската зона Жабени за 2022 година. Се чистело, се косело, се одзатнувале шахти … во зоната се правело сѐ, само тоа што треба не – не се изгради нова фабрика.

А, поминаа 19 месеци од најавата на градоначалникот Тони Коњановски, неговиот ментор Мицкоски и локалниот шеф на ДПМНЕ, Милевски дека во Жабени ќе донесат голема мултинационална компанија. Поминаа 19 месеци откако Мицкоски, Коњановски и Милевски уште еднаш ги излажаа битолчани. Во Жабени нема нова инвестиција, нема нови фабрики.

Коњановски и ДПМНЕ не ги интересираат инвестиции и фабрики ако нема проценти и за Белата палата. Затоа, си направија фабрика за пари во Офицерски. И ограда ќе му стават, да не влези случајно некој непоканет. На грабежот што му се случува на општинскиот буџет може да му позавиди и Владимир Талески. Не остана партиски војник кој не се офајди од летни и зимски приказни, оти баш приказните се заштитен знак на Коњановски и ДПМНЕ. Установата 2022 ја заврши на 0 што, сепак, е успех во споредба со јавните претпријатија кои станаа загубари.

За ДПМНЕ и Коњановски поважно од инвестиции во нови фабрики и нови работни места се инвестициите во инстант настани од кои се богатат блиски до неговата партија. Градоначалникот потроши 30 милиони евра буџет, а ништо во градот не се изгради. А, кога почна да ја прави втората улица во својот мандат, Коњановски ја избра улицата на која живее. Наместо машините да ги пушти на улици кои со години чекаат реконструкција, тој ја реконструира својата улица. Ете, толку Коњановски се грижи за Битола!