ХОЛАНЃАНЕЦ ДОБИ СУДСКА ЗАБРАНА ДА ДОНИРА СПЕРМА, ОТИ ВЕЌЕ ИМА НАД 500 ДЕЦА НИЗ СВЕТОТ

0
491

Холандскиот суд му нареди на 41-годишен Холанѓанец да престане да донира сперма, затоа што, како што рекоа судиите, веќе има меѓу 500 и 600 деца низ светот.
Во судската одлука стои дека на Џонатан Мајер веќе му било забрането да донира сперма на клиниките, се вели во судската одлука. Тој може да биде казнет со 100.000 евра (110.000 долари) по прекршок.Судот, исто така, му нареди на Мајер да ги извести клиниките во странство и да побара од нив да ја уништат секоја негова семена течност што ја имаат на залиха, освен дозите резервирани за родители кои веќе имале деца од него.

Судот ја донесе одлуката по граѓански случај покренат од Фондација која ги застапува интересите на децата донатори и холандските родители кои го користеле Мајер како донатор. Тие тврдеа дека континуираните донации на Мајер го прекршиле правото на приватен живот на неговите деца донатори, чијашто способност да формираат романтични врски е попречена од стравот од случаен инцест и блискост.

За масовните донации на Мајер за првпат се дозна во 2017 и му беше забрането да донира во холандските клиники за плодност, каде што веќе имаше над 100 деца. Сепак, тој продолжил да донира во странство, вклучително и во данската банка за сперма „Криос“ која работи на меѓународно ниво. Според медиумите, Мајер, исто така, продолжил да се нуди како донатор на сајтови за потенцијални родители со донатори на сперма, понекогаш користејќи друго име.