СИТЕ КОИ ШТО САКААТ ДА ЈА ВИДАТ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ НЕКА МУ СЕ ПРИКЛУЧАТ НА ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО, АРТАН ГРУБИ: ДА ГО ДОНЕСЕМЕ БУЏЕТОТ ВО СОБРАНИЕ И ДА ГИ НАДМИНЕМЕ ПРОБЛЕМИТЕ СО БУГАРИЈА

0
844

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедници, Артан Груби изјави дека во владиното мнозинство се добредојдени сите прозападни партии за отворање на преговорите со Европската унија.

“Во моментов разговараме не само со Алтернатива, туку има контакти и со други политички партии што се дел од Собранието за да се приклучат на парламентарното мнозинство или да го поддржат. Сите тие што сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ ќе се приклучат кон ова парламентарно мнозинство.Јас сум уверен дека Зоран Заев ќе ја почне процедурата за нов претседател на СДСМ, процес што не завршува за еден ден туку мислам дека ќе трае еден месец. Дотогаш се надевам дека ќе имаме стабилно парламентарното мнозинство и ќе продолжиме со реформи преку првично одобрување на буџетот на државата, но и решавање на спорот со Бугарија” – рече првиот вицепремиер Груби.
Тој вчера разговарал со премиерот Заев за разговорите со Алтернатива и најави дека ќе имаат нова средба за новото парламентарно мнозинство.