ЃОРЃИЕВСКИ: СИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО КИСЕЛА ВОДА СЕ ОПРЕМЕНИ СО СМАРТ ТАБЛИ

0
492

🖥️ Сите основни училишта во Кисела Вода се опремени со смарт табли ☑️

Заедно со директорот на Центарот за скопски плански регион Љупчо Кец Мицковски денес го посетивме училиштето ,,Круме Кепески”.
🏢 Тоа е едно од училиштата што доби смарт табли преку проектот ,,Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“.

Со обезбедените 16 кои веќе се користат во наставниот процес, сега веќе сите основни училишта во Кисела Вода се опремени со дигитални табли.

🗣️ Осовременувањето на училиштата, преку стимулирање на дигиталните вештини е поставено високо во приоритетите на општина Кисела Вода.
☝️Затоа, сакам да се заблагодарам на Центарот за развој на Скопскиот плански регион и на директорот на оваа институција, Љупчо Кец Мицковски кои го овозможија проектот за обезбедување на дополнителен број на дигитални табли во општинските училишта.
Истиот, започна токму во Кисела Вода и значи унапредување на наставниот процес во сите училишни објекти во општина Кисела Вода.

🖥️ Со оваа донација од 1️⃣6️⃣ смарт табли, сега истите се опремени со 43 дигитални табли и 75 смарт телевизори.
Поддршката за вакви проекти кои значат подобрување на условите во училиштата е секогаш добредојдена, но сакам да нагласам дека непрекинато течат и нашите сопствени инвестиции во речиси сите училишни објекти.
💻 По спроведувањето на проектот ,,Компјутер за секој наставник”, со кој општина Кисела Вода, преку донации обезбеди компјутер за секоја училница од сите 11 училишни објекти, во финална фаза се реновирањето на училишната спортска сала во ООУ ,,Невена Георгиева Дуња”, изградбата на две сензорни соби во ООУ ,,Кузман Шапкарев” и во ООУ ,,Кузман Јосифовски Питу”.

🏢 Во овој објект, веќе е завршена и замената на кровната конструкција и фасадата, а сега следува и изградба на лифт за деца со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети, дактилни патеки кои овој објект ќе го направат првото целосно инклузивно училиште во Скопје.

📃 Проектот „Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“ се спроведуваше во изминатите два месеци. Носител на проектот е Центар за развој на Скопски плански регион, кој со финасиски поддршка од Владата, преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, овозможи снабдувањето со 54 дигитални табли во вкупно 27 училишта во трите споменати општини.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.