КОВАЧЕВСКИ : ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДА ПОЧНАТ ДА РАБОТАТ, УЦЕНИ КАЖАВ ДЕКА НЕ ПРИФАЌАМ

0
814
Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска во одговор на новинарско прашање ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ конечно да почнат да работат, порачувајќи дека уцени не прифаќа и дека нема да дозволи ограничување на Собранието за носење на потребните закони и одлуки во интерес на граѓаните по најавите за блокади од опозицијата.
„ВМРО-ДПМНЕ пред скоро една година доби мандат во најголем дел од општините во државата и гелдате што се случува во општините немаат ниту еден проект. На почеток почнаа да прават некои презентации ама тоа беа проекти коишто беа оставени од градоначлниците од претходно. Сега гледате дека нема ништо. Во градот Скопје освен што како во хокеј се менуваат директорите на секои 2 месеци ништо друго не се случува. Затоа нека ја земат одговорноста во свои раце, нека покажат дека можат да работат во општините, за тоа што ветуваа а ниту едно ветување не е остварено. Парламентот да функционира. Владата има зголемена парламентарна поддршка во Собранието виз-а-ви претходната Влада, бидејќи сега имаме 64 пратеници поддршка, нова партија којашто се приклучи во коалицијата.  Не постојат никакви ограничувања за носење на потребните одлуки за граѓаните.“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Претседателот Ковачевски рече дека тој е во постојана комуникација со повеќе претседатели на политички партии како и со премиери од соседните држави за справување со последиците од економската и енергетскстата криза, и додаде дека може да се разговара со сите политички партии но, за теми кои се од интерес на граѓаните и решавање на проблемите.
„Ние може да разговараме со сите партии. Јас и денеска имам состаноци со претседатели на политички партии за унапредување на решенија, за справување со последиците од енергетската криза, со економската криза. Јас сум во дневна комуникација со претседателите и премиерите од земјите на соседните држави се со цел да овозможиме полесно пребродување на кризата. Но уцена со одбројување 5 дена, 4 дена, единствена точка на дневен ред предвремени избори, таква средба не може да има.„ рече претседателот Ковачевски во одоговр на новинарско прашање.