ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ, МИТКО ЈАНЧЕВ Е ПРОГЛАСЕН ЗА ЛИЧНОСТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

0
762

Градоначалникот Митко Јанчев доби титула- личност на Југоисточна Европа за економија и европеизација на Балканот за 2022 година.

Оваа награда за Јанчев доаѓа од меѓународниот филмски фестивал во кој се вклучени 15 европски држави, а од минатата година за првпат се одржа и во Вашингтон, САД, во организација на неколку интернационални универзитети.

Ова признание во последните 12 години се доделува во Париз и Берлин, а го имаат понесено многу видни личности.

Носител на наградата Еуропа Прима за оваа година е српскиот режисер Драган Бјелогрлиќ. Јанчев го покани него на гости, а воедно и во Кавадарци да бидат прикажани победничките филмови од Париз, Берлин и Вашингтон.