ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА БАЧЕВ : СО РУСКИОТ АМБАСАДОР И ХОРХЕ ИВАНОВ ИМАВМЕ ДОГОВОРЕНО ДА СЕ ПОНИШТИ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ВО ООН, НО ХОРХЕ СЕ УПЛАШИ И НЕ ГО ИСПОЛНИ ВЕТЕНОТО

0
1422

❗️Македонскиот народ сега се прашува што понатаму по денешното собраниско изгласување на бугаризацијата. Да споредам, на 11 јануари 2019 беа уставните измени за промена на името, а на 12 јануари на прес обзнанив дека имаме план Б за името.

❗️Во заднина, во триаголникот Единствена Македонија, една пријателска држава и Ѓорѓе Иванов се беше договорено и со планот детално беше предвидено проблематизирање на промена на името на меѓународен план, се спречуваше регистрација на Договорот со Грција во ОН и до денешен ден битката за името ќе траеше и ќе немаше меѓународно правно – призната верификација на промената на името.

❗️ Но, во клучниот момент се сруши еден крак од триаголникот- Ѓорѓе Иванов се приклони кон предавството на марионетската влада на Зоран Заев и отстапи од претходно договореното.

❗️Историјата еден ден ќе го даде одговорот на прашањето за неочекуваниот пресврт во однесувањето на Иванов – како и со што беше уценет или поткупен!?
п.с. Ова веќе не е некоја тајна и овој момент го опишувам во мојата нова книга „Меѓународно правните основи и постапката за поништување на Договорот меѓу Македонија и Грција“ која беше промовирана неодмана, на 17 јуни, на годишнината од Преспанскиот дговор.

Многу интересно признание на лидерот на Единствена Македонија. Хорхе одби да го поптише договорот од Преспа и до тука Хорхе беше доследен во битката против договорот од Преспа. Веројатно било договорено претседателот да упати писмо до ООН во кое ќе побара од ООН да го поништи договорот со објаснување дека се работи за надворешно мешање во внатрешното уредување на земјата со изговор дека договорот е постигнат неуставно, тоа ќе било доволна причина Русија и Кина да стват вето на прифаќањето на ООН на договорот од Преспа, но Хорхе во последен момент се предомослил, според ова што го пишива Бачев.

Русија и Кина како стратешки партнери на Грција барале изговор за таков чекор без да ги нарушат односите со Грција, но не добиле таков изговор сепак на крај и кренале раце од ставање вето за договорот и со тоа го дозволија де факто влезот на Северна Македонија во НАТО, нешто што е сепак пораз за нив на овој дел од Европа.

Токму во тој период кога ова се случувало, Јанко Бачев имаше посета на Москва и се сретна со луѓе од партијата на Путин, потоа се појави со руски знамиња пред парламентот за потоа да се правда дека некој му ги бутнал знамињата во раце и он не видел за какви знамиња станува збор.