ГОРИ СЕМЕЕН ДОМ ВО ДЕЛЧЕВО, ПОЖАР И ВО СЕЛО ОЧИПАЛА

0
515

Во Делчево во тек e акција за гаснење пожар кој зафати семеен дом на улица „Голачка“. Во моментот на терен се две возила со десетина пожарникари кои учествуваат во гаснењето на пожарот.

Пожарникарот Миле Тодоровски информираше дека дојавата е примена нешто по 16 часот и притоа е побарано од ЕВН да биде исклучен доводот на електрична енергија.

Во моментот се гасне вториот кат од куќата откако пожарот на долниот дел од куќата е локализиран. Како што додадоа од ТППЕ Делчево се прават напори пожарот да не се прошири на околните куќи во населбата Први Реон во Делчево.

Апелираа возачите да ги отстранат своите возила за да можат возилата на единицата да се движат непречено. Воедно од ТППЕ Делчецо информираа дека во тек е и интервенција на пожар во село Очипала.