Божиновски : СДСМ со Груевски си игра ГЛУВ ТЕЛЕФОН и прават будала од него

0
1219

По мои сознанија БОМБИТЕ требаше да бидат ,,фрлени” на ден Св.Атанас (31.01) ама креаторите на стратегијата во СДСМ се сетиле дека можат да одиграат со Груевски ГЛУВ ТЕЛЕФОН и да направат будала од него…

Па му пуштиле ,,јавка” преку негови полтрони за Св.Атанас, а овој ја голтна јадицата како клен и панично се истрча прво со пресот (без новинари) а потоа и со признанието дека тајно и неовластено снима во премиерски кабинет …. ГЛУВ ТЕЛЕФОН освен што играат деца, служи и за внесување на немир во непријателски редови во услови на диктатура, претставува облик на специјална војна.

Во петок СДСМ ќе има централен одбор, ќе готват стратегија за нов датум за ,,фрлање” бомби. Со уште една ,,јавка” за ново истрчување на Груевски и неговите медиумски кутриња, Македонија ќе одгледа уште една трагикомична претстава за смртно уплашен премиер, животно заинтересиран доказите за корупција да не видат јавност….

bozhinovski

Превземено од фејсбук зидот на Зоран Божиновски – Буревесник