ЃОРЃИЕВСКИ ВО „ТОП ТЕМА“ : НЕМА ДА ИМА СЕРИОЗНА КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИТЕ

0
359

Во Топ Тема дебата со Благица Петрески, извршен директор на „Фајненс тинк“ и Горан Ѓорѓиевски – Потпретседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

„Генерално, ставот и информациите коишто доаѓаат до Сојузот на стопански комори се дека нема да има сериозна корекција на цени, односно најголем дел од производите чинам дека ќе останат тука, со таа цена, ќе има мала корекција на даден број производи каде што навистина се донесени во позиција да бидат непрофитабилни за самото работење на компаниите“, изјави Ѓорѓиевски.