ПЕТРЕСКИ ВО „ТОП ТЕМА“ : МЕРКАТА ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ БЕШЕ ЕФЕКТИВНА

0
206

Во Топ Тема дебата со Благица Петрески, извршен директор на „Фајненс тинк“ и Горан Ѓорѓиевски – Потпретседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

„Мерката на замрзнување на цените повеќе во апсолутен износ ја искористија побогатите слоеви заради нивната потрошувачка. Меѓутоа, севкупно мерката беше ефективна од аспект на намалување на инфлацијата каде што во август месец веќе ние имавме една алармантна состојба зашто немавме трансмисија на глобалните цени. Во последниве шест месеци целосно намалување, во моментов е 3,2 стапката на инфлација, имаме значајно подобрување иако 3,2 проценти е се уште висока стапка во однос на таргетот од околу 2 проценти. Така што мерката даде свои ефекти“, изјави Петрески.