Дафинка бара да го откупи државниот стан од кој ја бркаат

0
1510

Скопјанката Дафинка Стојановска од 23 декември лани протестира пред Владата и бара да биде примена за да го реши нејзиниот проблем. Таа е диво вселена во државен стан од 40 квадрати во населбата Аеродром и сака да го откупи, така како што овозможува законот.

– Еднаш ме прими еден господин кој се претстави како Сашо Поповски, советник во Владата. Прво ми рече дека проблемот ќе се реши, а сега ме убедуваат дека ништо не може да се стори и усно ми велат да го напуштам станот. Јас поднесов регуларно барање за откуп во законскиот рок и барам писмено да бидам известена, а не вака да ме бркаат – вели Дафинка.

Во нејзината зграда има повеќе државни станови, а некои дури и се издаваат во подзакуп.

– Изгледа дека мене ме сметаат најслаба, зашто сум самохрана мајка веќе 12 години. Вработен сум, имам услови да го откупам станот, но тие по секоја цена ми велат да си одам од станот. Ете, пред извесно време го раскинале договорот со ЕВН и сега станот е без струја. Се заинтересира и Народниот правобранител, но и тој не добил никаков одговор од надлежните институции – вели Дафинка.