ШОКАНТНО : СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК ВО ВЕЛС ЗЛОСТАВУВАЛ ДЕСЕТИЦИ ДЕЦА, ГИ СНИМАЛ И ГО ПРОДАВАЛ МАТЕРИЈАЛОТ

0
503

Мажот (45) е во притвор од август 2022 година, а во обвинението е наведено дека извршил 1.623 кривични дела над децата. Создавал материјал за експлоатација на деца, кој понатаму го дистрибуирал до корисниците во електронска форма.

Полицијата кај него пронашла неколку електронски уреди, наведува Си-Ен-Ен.

Во периодот од 2007 до 2022 година бил вработен во десетина центри за згрижување деца во Бризбејн, Сиднеј и на непозната локација во странство.

Драма во Бразил: Девојче виси на панорамско тркало, но не може да издржи (ВИДЕО)

„Ова е еден од најстрашните случаи на наводна злоупотреба на деца што нашите детективи ги виделе“, рече Мајк Фицџералд од полицијата на Нов Јужен Велс.

Идентитетот на децата е строго доверлив, но се вели дека биле девојчиња на околу 16 години, пред пубертет, а за овој случај биле известени нивните родители.