ТЕНЗИЧНИ ДИСКУСИИ НА МИНИСТРИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ ОД ЕУ, БУГАРИЈА НЕ САКА ДА СЕ ВРАЗУМИ ЗА ВЕТОТО И РИЗИКУВА ДА ДОБИЕ НОВИ АМЕРИКАНСКИ САНКЦИИ

0
946

Министрите за европски работи на ЕУ дебатираа во Луксембург за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, а Бугарија одбила да се вразуми.

Дебатата за проширувањето на министерскиот состанок била прилично интензивна особено за Северна Македонија и бугарската блокада. Најмногу притискала Германија за почетокот на преговорите со Северна Македонија. Бугарската страна и натаму одбивала да попушти и покрај предупредувањата на земјите-членки на ЕУ дека со оваа блокада, ЕУ си пука сама себе во нога. На Софија и’ аргументирале дека во прашање е кредибилитетот на целата Европска Унија и критиките на земјите-членки кон позицијата на Бугарија биле многубројни.

Според Бугарија, ЕУ не ја разбирала длабочината на проблемот помеѓу Скопје и Софија, дека овој спор е европско прашање а не само билатерално.