ШОКАНТНО – ПО 5 ГОДИНИ ГЛУМЕЊЕ ЈАНКО БАЧЕВ НА СТЕРОИДИ, НА МИЦКОВСКИ СЕГА МУ ТЕКНА ДА ГО ГЛУМИ ЗАЕВ?!?!

0
1030

„Она што лидерот на опозицијата го најави од Хераклеа како новитет во делувањето на партијата, својата промоција ќе ја доживее денеска во Охрид“, потврдуваат партиски извори.

Тие посочуваат дека ќе биде објавена нова политичка стратегија – „Македонија за сите луѓе“, која ќе опфаќа јасна визија за идното делување и обраќање на ВМРО- ДПМНЕ.

„Целта е да претставиме дека секој еден е важен, дека секој има свои вредности кои ние ги почитуваме, дека секој е значаен во оваа битка и дека сите треба да се здружиме. Целта е да ги збиеме редовите, да си подадеме рака и да се обединиме, затоа што имаме противник кој не бира средства, а кој работи контра македонските интереси, произведува сиромаштија и целосно ги изневерува стратешките цели на државата“, брифираат од партијата.

Според објаснувањето, таа политичка стратегија опфаќа и повеќе активности на терен, со кои ќе се остварат политики што ќе овозможат заштита на националните, општествените и државни интереси. Новата политичка стратегија вечерва темелно ќе ја презентира лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, кој ќе има обраќање во Охрид.

Повеќе бои во партискиот спектар

Дознаваме дека денеска ќе биде промовиран и збогатен визуелен идентитет на партиските обележја, во кој, освен стандардната црвена и црна боја, ќе бидат вклучени и други бои.

„Со нив партијата ќе се обраќа кон десниот блок – од оние кои се крајно десно, до оние кои инклинираат кон десниот центар, што вклучува корпус од најмалку 500 илјади гласачи“, велат од партијата.

Ова е неверојатен пораз за ВМРО ДПМНЕ и Мицковски, наместо да го направи ова како нова политика од денот на своето седнување на лидерската фотеља во белата палата, тој 5 години кокетираше со анти западните националистички радикални десничарски струи, бојкотираше се што може да се бојкотира па дури застана на страна на убијците од 27-ми април со што ги шокираше сите што од него очекуваа мејнструм пристап за сега на неколку месеци пред изборите да реши да го глуми Зоран Заев?!?!

Дури се навестува дека Мицковски имал намера да ја поддржи ЛГБТ парадата на гордоста што ќе се одржи овие денови?!?! НЕВЕРОЈАТНО КОЈ ОЧАЈ ЗА ГЛАС ПОВЕЌЕ!