МИЦКОСКИ ПРИЗНАВА : ЗА ЖАЛ, НЕМА ДОВОЛНО КРИТИЧКА МАСА КАЈ НАРОДОТ КОЈА ЌЕ ЗАСТАНЕ ЗАД НАС ЗА РУШЕЊЕ НА ВЛАСТА ПРЕКУ ПРОТЕСТИ

0
482

ЛАТАС: Очекувате ли социјални тензии оваа пролет со оглед на фактот дека Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот? Европската просешна стапка е до 11-12 проценти, а во Македонија инфлацијата е 20 проценти, и расте и понатаму. И сето тоа е едно заради увозната зависност, а второто е заради недоволното домашно производство на енергија односно енергетската зависност од надвор.

МИЦКОВСКИ: Тоа е така. Но, тука испуштаме и еден фактор а тоа е закаснетата реакција на владата и на останатите институции кои се значајни за макроекономската стабилност. Вие самите рековте, да, имаме ние влијание од инфлацијата на Европско ниво, но тоа е до пола. А оваа втората половина? Затоа што инфлацијата и во Германија се создава поради тоа што имаат енергетска увозна зависност, и таму цената на електричната енергија е зголемена неколкукратно и тие имаат поскап гас, имаат поскап јаглен и мазут итн. Така што енергетската зависност би ја ставил во оваа прва половина, а тоа е инфлацијата која е создадена, и втората половина е неспособноста на оваа влада и задоцнетата реакција со мерки.

Иако ние се сеќавате уште пролета оваа година, алармиравме дека ќе се случуваат овие работи и повикувавме на мерки и предлагавме мерки. Но, за жал од оваа влада добивавме континуирано игнорирање, самобендисаност, итн.
Но, тоа е што е. Сега ние можеме да се бориме против тоа, да понудиме програма. Ќе биде многу тешко, потоа секоја следна влада ова дно кое сега го допираме да го поткрене, овој слободен пад да го сопре, а потоа и да тргнеме нагоре. Но, ќе се бориме, не е ништо изгубено, мотивирани сме.

Не беше лесно и оние година дена во општините, а сепак не се малку ќе кажам, повеќе од половина во Македонија во услови на притисок од страна на централната влада, во услови на кратење на дотации, во услови на блокирање на проекти, на блокирање на обврзници, блокирање на можноста да се задолжат некои општини, во услови на економска и енергетска криза, сепак да испорачаат најголемиот дел од градоначалниците повеќе од 70, 80 проценти од тоа што било зацртано за оваа фискална календарска година 2022 година.
Некои од општините излегоа од блокада, успееја да го изменаџираат тој процес, некои од јавните претпријатија да изменаџираат од тој процес и излегоа од блокада. Така што со таа динамика ќе продолжиме по преземањето на владата и формирањето на новата влада.

ЛАТАС: Не ми одговоривте, дали очекувате социјални тензии, бидејќи во народот владее мислење дека кога ја слушаат владата како зборува и со какви розови наочари ја гледа состојбата, исто како Бранко кога ветуваше дека ќе се справи со октоподот во државата. Граѓаните се се посиромашни, го чувствувате и вие тоа кога одите на терен, гледате, извршители им тропаат на врата, банките им ги зголемија каматите, радикално порасна цената на струјата, храната е поскапена? За едно четворочлено семејство секој ден да јаде по еден леб и да пие јогурт месечно се потребни 600 евра, а просечната нето плата е околу 30.000 денари, едвај 500 евра, ако цените на услугите и производите пораснале каде отишле парите ако не пораснале и платите на оние кои произведуваат и даваат услуги?

МИЦКОВСКИ: Така е, се слагам еве мојот одговор ќе го поделам во 2 дела. Првиот е очекувам социјален бунт и немири, бидејќи незадоволството е големо, животот е тежок и станува се потежок да се преживее, за квалитет на живот веќе никој не зборува, но од друга страна еве вториот дел од мојот одговор.
Ние го мериме јавното мислење. Можам со жалење да констатирам дека во моментот бројките кои ги добиваме се во насока на тоа дека нема помеѓу народот критична маса за ваков тип на протести кои вие ги кажувате и исто така како дополнително прашање кое го мериме секој месец кој да ги предводи тие протести доколку евентуално би се случиле, логично е опозицијата да ги предводи.
Тој процент кај народот е уште помал дека би излегле на такви протести ако опозицијата ги организира, тие бројки се многу мали кога велам многу мали зборуваме за 10, 15 проценти од граѓаните кои би поддржале таков тип на протести кои би ги организирала опозицијата или би ги предводела.

Затоа веднаш не сакав да дадам прецизен одговор на ова ваше прашање, но веќе кога инсистирате еве, тоа е. Сакам да се случат од една страна и подготвен сум да застанам во првите редови, да предводам едни такви протести се до паѓање на оваа Влада, но за жал ценам дека во овој момент бројките се на ниво кое не гарантира масовност, а доколку немате масовност тоа може да биде злоупотребено од оваа криминална Влада и да каже гледате нема масовност на протестите значи добро тераме и да продолжат уште полошо да прават.