И јас и сопругата сме пензионери, пред 5 години купивме земја и куќа во Паликура…

0
1181

Јас пред 5 години се определив да го напуштам Скопје и да се преселам во селото Паликура, росоманско. И јас и сопругата сме пензионери. Купивме куќа и нешто преку три декари земја.

Нам оваа земја, овоштарникот, одгледување на куниќи и зеленчук ни е повеќе забава отколку што би можеле да живееме со така малку земја. Меѓутоа, ги гледам комшиите. Од темни зори на утрина летни па до пладне во летните месеци се во овоштарниците, во лозјата. Лани еден комшија ми кажа јас го прскам лозјето , а пламењача трчи пред мене. Лани имаше многу проблеми со тафрина. Годинава мразевите сосема ги оставија без плод кајсиите,  ѕенѕерите и голите праски нектарини. Одделни од оние кои живеат од земја до сега прскале шест до седум пати за да ги заштитат овошките од тафрина. Подоцните сорти се некако и спасени, но оние раните немаат ни листови како треба зашто некоја гадна вошка, бела и зелена го чинат своето и натаму. За препаратите одат пари, одат и за нафтата. Коров навалил како никогаш досега. Пред некој ден пак утрински мраз и пак нови загуби.

Во селото веќе нема ниту една крава, а во соседното село Курија има само уште два одгледувачи. Луѓето се ориентирале на неколку кози. Има само едно стадо од стотина овци. Тука и таму по некоја свиња…

Доколку ви треба еден клинец или шраф треба да одите 12 километри до Кавадарци или до Неготино. До неодамна две, сега само една продавница има само најпотребни артикли. За оние, другите пали кола или пат под нозе па во Росоман или Кавадарци или Неготино.

Во селото формиравме невладина организација чие основно мото е фали го селото и живеј во него. Но полека ни се одселуваат помладите, старите умираат. Се родиле само 2 деца за 5 години. И да не пишувам повеќе да не ме обвинат за дефетизам. И јас сметам дека перспективата на Македонија е во земјоделството. Но, тоа е лесно да се рече, али многу тешко да се оствари.

Намерно не пишував за хаосот во откупот, во субвенциите и многу други маки на моите соселани.

Не викам дека нема надеж. Има. Но без вистинска државна интервенција и со итно воскрснување на сточарството готово ќе биде се и сите ќе трчаат во Дрекслермаер ѕа 12.000 денари. Да кажеме дека сум лаик за се што напишав. И да признам дека сум. Сакам да видам што велат стручњаци, но вистински, кои знаат и што е село и што е земјоделие и каков е менталитетот на луѓето што треба да се ангажира и кој е тоа животен минимум кој треба да се обеѕбеди веднаш после стартот за земјоделец полека да стане побогат и побогат и да не му текне да бега во град па макар таму бил и гладен.

За работите да се сменат потребна е  правилна аграрна стратегија и рурален развој од страна на државата.

Јас сум внук на земјоделец. Од мали нозе раснев со мотика во рака. Дедо имаше 10 ектари земја и црница и смоница прва класа и алувиј покрај Велика Морава. Многу работевме со две крави еден плуг една дрљаќа и еден шпартач, али и живеавме добро. Имавме и пазарни вишоци во време кога во Југославија лебот беше рационалиѕиран на четвртина кило на член на семејство. Ова што го гледам во Паликура, сите со механизација, сите работат како кртици, да го имаше во време кога со дедо од 4 наутру до пет напладне одевме на ниви ние би биле Американци.

Фејсбук статус на Миодраг Цениќ